6 јули, 2025
ПочетнаКОМПАНИИХрватите повеќе би работеле во „ДМ“ отколку во „Гугл“

Хрватите повеќе би работеле во „ДМ“ отколку во „Гугл“

dm1

Најатрактивен работодавец во Хрватска, четврта година по ред е компанијата „ДМ дрогери маркет“, додека „Гугл“, која според светските истражувања е најпожелна компанија за вработување, Хрватите не ја ставија меѓу првите десет.

На второ и трето место на најпосакувани работодавци во Хрватска се наоѓа на Индустријата на нафта ИНА и фармацевтската компанија „Плива“, која напредуваше седум места во однос на минатогодишното истражување, пренесува „Вечерњи лист“, повикувајќи се на истражувањето на порталот „МојПосао“.

Меѓу првите десет се наоѓаат и „Т-ХТ“, „Агрокор“, „ХЕП“, „Атлантик груп“, „Загрепска банка“, како и две компании кои минатата година не беа меѓу првите 20 – ИКЕА и „Милер“.

Третина од испитаниците, од над 1.700 граѓани на Хрватска кои учествуваа во анкетата, ја наведоа сигурноста на работа, а не висината на платата, како најважен фактор на атрактивност на некој работодавец, додека 61 отсто од нив, наспроти економската криза, размислуваат за промена на компанијата во која работат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар