20 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИЗошто аеросолот од IQOS уредите испарува побрзо од чадот од цигарите?

Зошто аеросолот од IQOS уредите испарува побрзо од чадот од цигарите?

По дефиниција аеросол претставува „суспензија на фини цврсти честички или течни капки во воздухот или друг гас“, додека чад е „збир на честички и гасови што се пренесуваат во воздухот емитирани кога материјалот претрпува согорување или пиролиза, заедно со количината воздух што се внесува или на друг начин се меша во масата“.Сфаќањето на разликите е клучно за разбирање на науката која стои зад тутунските алтернативи и производи со намален ризик, како и согледување на нивните предности. За фундаменталните разлики помеѓу овие два поими и разбирање на истите, тука се експертите од „Филип Морис Интернешнел“. 

„Чадот е аеросол, но не сите аеросоли се чад. Аеросолот е суспензија на цврсти и/или течни честички во гас, обично воздух. Постојат многу различни видови аеросоли кои доаѓаат од различни физички или термички процеси и, во зависност од тоа што ги создава аеросолите, составот на истите е многу различен. Ниски температурни процеси, како испарување, создаваат аеросол на база на течност кога овие пареи се ладат за да формираат капки. Кога загревате тутун или течност, испарува аеросолна форма, најчесто пропилен гликол или глицерол. Чадот од цигарите содржи цврсти честички, или саѓи и капки течност. Честичките од чад се генерираат од процесите на висока температура што се јавуваат при согорување. Ова се основните разлики помеѓу чадот од цигара што содржи цврсти честички и илјадници хемикалии, во споредба со аеросолите што се создаваат од бездимните алтернативи кои содржат течни капки и многу помалку хемикалии“ – објаснува д-р Норлунд, физичар со докторат од областа механика на флуиди, кој работи веќе 12 години во Филип Морис на аеросолна физика и науката за согорување.

Уште еден аспект кој треба да се разгледа е всушност важноста на отсуството на согорување. Д-р Том МекГрат, глобален раководител на професионални канали, со повеќе од 10 години искуство во истражување и дизајнирање алтернативи без чад и неколку истражувачки написи поврзани со температурата на формирањето на штетни соединенија, посочува „Реакциите на согорување, поради високите температури кои се вклучени, доведуваат до генерирање чад и пепел и до емисија на штетни и потенцијално штетни состојки. Согорувањето се одвива кога тутунот се загрева на температура над 400 ° C  и доаѓа до  оксидативна реакција. Значи, оксиданс во овој случај би бил кислородот во воздухот, а изворот на топлина што ја зголемува топлината на тутунот би бил кибрит или запалка. Штом се активира оваа реакција на согорување, температурата на врвот на цигарата е поголема од 600°C, а кога воздухот се влече преку врвот на цигарата, температурата се зголемува над 850°C. Да го ставиме ова во перспектива, ова е околу 4 пати потопло од тава за пржење.“ 

Зошто е ова важно? 

Научните студии покажаа дека како што се зголемува температурата на тутунот, така се зголемуваат и нивоата на штетни и потенцијално штетни состојки. Значи, со елиминирање на согорувањето и намалување на температурата со загревање на тутунот, ние значително ќе ги намалиме вкупните нивоа на штетни и потенцијално штетни состојки. Во аеросолот од системот за загревање на тутунот (Tobacco Heating System®), нивоата на овие штетни и потенцијално штетни состојки во просек се намалуваат за 90-95% во споредба со чадот од цигари.

Како ова помага во подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух?

Квалитетот на воздухот во затворените простории има големо влијание врз луѓето, бидејќи 90% од времето луѓето во развиените земји го поминуваат во затворено. „Целта на нашето истражување за квалитетот на воздухот во затворените простории е да се измерат разликите, не само на нивото на загадувачи што се припишуваат на употребата на производот без чад, туку и да се утврди составот на испуштениот аеросол во просторот околу. Нивото на загадувачи се споредува со пропишаните критериуми, каде што тие постојат, а подеднакво важно, генерираното знаење им носи на потрошувачите клучни информации кога ќе одлучат да користат производи од тутун дома, на пример, и сакаат да ги разберат разликите помеѓу цигарите и производите без чад во затворен простор“ – истакнува Д-р Кетрин Гуџон, менаџер за хемиско истражување при ФМИ. Според неа гледајќи го составот на аеросолот генериран при употреба на бездимните уреди, можеме разумно да очекуваме значителен пад на загадувачот во затворен простор во споредба со производите со согорување, како што се цигарите. 

IQOS уредите се создадени за возрасните пушачи кои секако би продолжиле да пушат, како алтернатива со намален ризик, со цел да се обезбеди подобар избор, во насока на зачувување на јавното здравје. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар