2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБил Гејтс: Мојот план за подобар свет

Бил Гејтс: Мојот план за подобар свет

bilgejtsbill1

Основачот на „Microsoft“ речиси две децении е прв на листата на најбогатите луѓе во светот. Тој, исто така, е еден од најголемите филантропи во светот. Тој досега инвестирал десетици милијарди долари во својата фондација.

Во авторскиот текст „Основачот на Microsoft“, Бил Гејтс го истакнува својот план како технолошкиот напредок и промената на светот можат да ги искорнат големите проблеми на кои богатиот свет не посветува внимание.

„Богатството го враќам бидејќи се чувствувам одговорен да помогнам“, вели Гејтс.

Во авторскиот текст, Гејтс го претставува својот план како на најдобар начин да им се помогне на сиромашните и да се искоренат проблемите кои ги мачат.

„Малку сум опседнат со ѓубриво. Всушност, фасциниран сум со неговата улога и ефектите, а не со користењето. Одам на состаноци каде тоа е сериозна тема на разговор. Читам книги за придобивките и проблемите ако премногу се користи“.

Ѓубривото е една од темите за кои морам постојано да се потсетувам за нив да не разговарам на коктелите, бидејќи на повеќето луѓе не им е интересно како на мене, наведува Гејтс.

Деновиве поминувам многу време обидувајќи се да ги унапредам иновациите кои го подобруваат животот на истиот начин како ѓубривото. Да објаснам убаво… 40 проценти од светската популација денес е жива бидејќи во 1909 година, германскиот хемичар Фриц Хабер откри како се прави синтетички амонијак.

Еве уште еден пример: случаите на полио се намалени за 99 проценти во последните 25 години, не бидејќи болеста исчезнува сама, туку заради вакцината која ја измислија Алберт Сабин и Џона Салк.

Благодарение на ваквите изуми, животот постепено се подобрува во целиот свет. Додека го пишувам овој текст, повеќе од 100 илјади луѓе умреа во граѓанската војна во Сирија, а големите проблеми како климатските промени му се закануваат на човековиот вид, а ние сме без решение на повидок.

Ако погледнеме на долги стази, живееме во најдоброто време во историјата. Војните полека ги снемува, а животниот век двојно се зголеми во последниот век. Се повеќе деца одат на училиште. Светот никогаш не бил подобар.

Но сепак, сеуште не е доволно добар колку што посакуваме. Ако сакаме да го забрзаме напредокот, треба активно да се залагаме за достигнувања од калибарот на Хабер, Сабин и Салк. Тоа е едноставно: Иновацијата го подобрува светот – а повеќе иновации значат побрз напредок. Тоа верување ја поттикнува работата која јас и мојата сопруга Мелинда ја вршиме преку нашата фондација.

Меѓутоа, не сите иновации се исти. Ние сакаме да го вратиме нашето богатство назад во општеството на начин кој ќе има најголем ефект, па затоа бараме прилики да инвестираме таму каде што инвестицијата најмногу ќе допринесе.

Немам магична формула за давање важност на одредени проблеми. За мене решливите проблеми се сиромаштијата, болестите, гладот, војната, лошото образование, политичката нестабилност и слично – сите имаат иста тежина.

Мелинда и јас сме фокусирани конкретно на искоренување на глобалната сиромаштија и болестите, и на подобрување на образованието во САД. Ги избравме тие проблеми почнувајќи со идеја што ја научивме од нашите родители: Сечиј живот има иста вредност.

Ако се тргне од тоа, лесно може да се види во кои делови на светот таа идеја не се почитува. Таму можеме да ја направиме најголемата разлика, каде што секој потрошен долар ќе има најголем ефект.

Уште од моите рани триесети знаев дека ќе го вратам своето богатство на општеството. Успехот на „Microsoft“ ми даде огромно богатство и се чувствував одговорен да го користам внимателно.

Читав многу за тоа како владите не инвестираат доволно во основни научни истражувања. Помислив, тоа е голема грешка. Ако не им дадеме на научниците простор да го продлабочат нашето основно сфаќање на светот, не и даваме темел на следната генерација на иновации.

Капитализмот не може да се занимава со проблемите на сиромашните, размислувањето за тоа ме доведе до тоа повторно да ги разгледам своите ставови за унапредување на светот. Капитализмот е најдобриот систем според мене. Тој е заслужен за некои од најголемите напредоци кои им го поправиле животот на милијарда луѓе, од авионите до клима уредите па се до комјутерите.

Исто така, работиме на тоа да го поттикнеме приватниот сектор повеќе да инвестира, бидејќи токму од овој сектор доаѓаат најголемите иновации.

Оптимист сум. Технологијата ни помага да ги надминеме најголемите предизвици. Исто толку важно, го зближува светот. Денес можеме да седиме на нашето биро и да гледаме луѓе оддалечени илјадници километри од нас. Мислам дека ова го објаснува интересот на младите луѓе за теми како глобалното здравје и сиромаштијата.

Богатите повеќе не можат да ги игнорираат сиромаштијата и страдањето, дури и да се случуваат на другиот крај од планетата.

Технологијата ја отклучува емпатијата која ја чувствуваме кон другите човечки суштества. На крајот, таа комбинација – напредокот на науката и глобалната свест – ќе бидат најмоќната алатка за подобрување на светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП