5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМало зголемување на продажбата на H&M

Мало зголемување на продажбата на H&M

hmmh

Шведскиот моден синџир „H&M“ денеска објави дека во октомври малку ја зголемиле продажбата, за еден процент во продавниците отворени повеќе од една година, но и преку интернет и каталошката продажба.

Вкупната продажба во минатиот месец пораснала за 11 проценти искажано во локалната валута, истакнуваат во „H&M“.

Кон крајот на октомври „H&M“ имаше вкупно 3.081 продавница во однос на 2.715-те колку што имаа на 31-ви октомври 2012-та година.

Извештајот за ноември и вкупниот приход во четвртиот квартал од септември до ноември, искажани во круни, ќе бидат објавени во средината на декември, изјавија од „H&M“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП