21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолку пари заработуваат светските компании за само 1 секунда?

Колку пари заработуваат светските компании за само 1 секунда?

mailonline1

За пет секунди, колку што отприлика е потребно да се прочита оваа реченица „Samsung“ заработува 32,430 долари. И не, ова не е претерување.

За да можете сликовито да видите колку заработуваат светските компании како „Apple“, „BlackBerry“, „Nokia“ и многу други, можете да го посетите сајтот „Happier“.

На овој сајт интерактивно е прикажано колку овие моќни компании заработуваат секоја секунда.

„Facebook“ е единствената социјална мрежа на листата со 230 долари заработка во една секунда, што е „ситница“ во однос на „Samsung“ кој заработува 6,486 долари додека вие да трепнете.

Веднаш зад „Samsung“ е „Apple“ кој заработува 4,539 долари во една секунда, а дното се наоѓа „BlackBerry“ со 205 долари заработка во секунда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП