21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија во јануари излегува од кредитниот аранжман

Шпанија во јануари излегува од кредитниот аранжман

shpaaanijja1

Шпанија во јануари ќе го заврши кредитниот аранжман за помош на банкарскиот систем, соопшти вчера Еврогрупата.

„Потполно ја поддржуваме одлуката на Шпанија да не бара нова финансиска помош од меѓународните кредитори по излезот од кредитниот аранжман во јануари 2014 година“, се наведува во соопштението од состанокот на Еврогрупата во Брисел.

Во соопштението се истакнува дека Еврогрупата е задоволна од имплементацијата на финансиската програма и амбициозните реформи кои досега беа преземени.

Тоа потврдува дека финансиската помош била ефикасна во санирање на слабоста на шпанскиот финансиски систем. Општата ситуација на шпанскиот банкарски сектор е значително подобрена“, се додава во соопштението.

Претходно, ирската влада соопшти дека следниот месец ќе го заврши кредитниот аранжман со ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд.

„Ирците и Шпанците поминаа низ тежок период, но верувам во фактот дека нивните напори се исплатеа“, изјави Џерон Дајселблум, кој претседаваше со Еврогрупата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП