4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Пекинг – Кина и Индија ќе имаат најголеми потреби за енергија во иднина, оцени Меѓународната агенција за енергетика (International Energy Agency – IAE). Енергетските потреби на Кина и Индија се повеќе учествуваат во вкупните светски енергетски потреби, додека САД, благодарение на растот на производството, на пат се да станат енергетски независни од светскиот пазар, објави ИАЕ.

Москва – Русија забележа економски раст од 1,2 отсто во третиот квартал оваа година во однос на истиот период лани, соопшти државниот институт за статистика. Според првите прелиминарни резултати од институтот за статистика Ростат, се потврдува проценката која ја даде владата во октомври, како и нето успорувањето на руската стопанска активност оваа година.

Белград – Директорот на извоз на Агенцијата за странски инвестиции и промоција СИЕПА поднесе барање до Владата на Србија за разрешување од таа функција. Како причина за оставката Лаганин наведе дека лично е прогонет од страна на министерот за стопанство Саша Радуловиќ и сопствената желба со свое присуство во вакви околности да не ја оптоварува понатамошната работа на Агенцијата, се наведува во сооштението.

Белград – Сопствениците на кинески продавници во иднина на купувачите ќе мораат да даваат фискални сметки, пишува Блиц. Како што дознава овој весник, Даночната управа ќе почне детална контрола на директори Кинези поради честите жалби на граѓаните дека при купување не добиваат сметка. Кинезите кои работат во Србија порачуваат дека нивната стока мора да поскапи, а многу од нив полека се откажуваат од работа во нашата земја.

Загреб – Владата на Хрватска на 14 ноември воведе работна обврска на болничките лекари кои се во штрајк од 18 септември. Лекарите бараат промена на колективниот договор, т.е. враќање на додатокот на платата која ја изгубиле со судско поништување на поранешниот колективен договор во јуни, како и плаќањето на прекувремени часови во согласност со хрватското и европското законодавство.

Брисел – Договорот меѓу Западот и Иран се одолговлекува. Меѓутоа, претставниците на разни мали и големи компании веќе се подготвени. Ако се укинат санкциите, експертите предвидуваат трка меѓу Европа и САД. Работењето, такво какво што треба да биде се уште е во далечна иднина. Но, она што тој деловен свет го слушна од американскиот претседател Барак Обама, звучеше сосема добро. – На Иран можеме малку да ги намалиме санкциите – рече Обама, но истовремено и додаде дека главниот дел од санкциите би останал на сила толку долго, додека не бидат сигурни дека Иран се придржува до правилата на играта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП