2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCroatia Airlines оствари профит од 2,7 милиони евра

Croatia Airlines оствари профит од 2,7 милиони евра

croa1

Благодарение на успешното спроведување на мерките за реструктуирање, хрватскиот авиопревозник „Croatia Airlines“, во првите девет месеци од оваа година оствари нето профит во износ од 20,3 милиони куни (2,67 милиони евра), се вели во соопштението на компанијата.

Покрај тоа, оперативната добивка била поголема за повеќе пати во однос на истиот период минатата година и изнесувала 28,8 милиони куни, во споредба со 2,7 милиони куни една година претходно.

Позитивните деловни резултати настанале со примената на мерки за стратешко, оперативно и финансиско реструктуирање, така што оперативните трошоци во овие девет месеци се намалиле за 10 проценти во споредба со истот период минатата година.

Со имплементација на преостанатите мерки во рамките на процесот за реструктуирање, компанијата има намера да обезбеди долгорочен опстанок и понатамошен развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП