16 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАOткриено e колку заработил Доналд Трамп во 2024 година: Бројката е зачудувачка

Oткриено e колку заработил Доналд Трамп во 2024 година: Бројката е зачудувачка

Претседателот на САД, Доналд Трамп, пријавил приход од над 600 милиони долари во текот на 2024 година, според најновите јавни финансиски извештаи.

Неговите приходи доаѓаат од повеќе извори – криптовалути, голф-центри, дигитални средства и лиценцирани производи.

Во документот се наведува дека Трамп поседува средства во вредност од најмалку 1,6 милијарди долари. Иако тврди дека неговите работи се префрлени во фонд управуван од неговите деца, приходот сè уште е формално на негово име, што предизвика нови обвинувања за конфликт на интереси.

Криптовалутите се клучен извор на приход

Трамп го остварил голем дел од својот приход преку инвестиции во криптовалути. Од мем-токенот „$TRUMP“, лансиран во 2024 година, заработил околу 320 милиони долари.

Семејството Трамп, во соработка со World Liberty Financial, собра вкупно повеќе од 400 милиони долари, вклучувајќи 57,35 милиони долари од продажба на токени. Тие сè уште држат дури 15,75 милијарди управувачки токени.

Дигитални бизниси, голф и лиценцирани производи

Претседателот на САД има удел во „Трамп Медиа енд Технолоџи Груп“, која ја управува мрежата „Трут Сошнал“, додека неговите приходи од фондови и обврзници изнесуваат најмалку 12 милиони долари.

Тој има најголеми инвестиции во фондови како „Блу Аул Капитал“, како и во државни обврзници преку компаниите „Чарлс Шваб“ и „Инвеско“ – во вкупна вредност од најмалку 211 милиони долари.

Голф одморалиштата донесоа 217 милиони

Неговите три голф комплекси во Флорида – „Јупитер“, „Дорал“ и „Вест Палм Бич“, како и познатиот клуб „Мар-а-Лаго“, генерираа најмалку 217,7 милиони долари. Само „Трамп Нешнал Дорал“, луксузен голф комплекс во близина на Мајами, донесе 110,4 милиони долари.

На меѓународно ниво, Трамп заработил:

  • 16 милиони долари во Дубаи (лиценцирани проекти)
  • 10 милиони од инвестиции во Индија
  • 5 милиони долари од Виетнам
  • Заработка од парфеми, часовници, колекции на NFT

Постојат и други извори на приход:

  • 2,8 милиони долари од часовници што го носат неговото име
  • 2,5 милиони долари од парфем и патики
  • 1,3 милиони од „Гринвуд Библија“
  • 1,16 милијарди долари од NFT картички што го носат неговиот лик

Меланија Трамп, исто така, пријавила приход од 216.700 долари од нејзината NFT колекција.

Иако не е точно наведено за кој временски период се однесуваат податоците, се очекува дека ќе ја опфатат целата 2024 година. Белата куќа не коментираше за објавениот извештај, пренесува Телеграф/Еуроњуз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП