Државниот пазарен инспекторат ја достави анализата со состојбите на цени на прехранбените производи во маркетите. Податоците ќе треба да покажат дали трговците енормного ги поскапеле производите и користат нефер трговски практики или постапиле етички по завршувањето на владините мерки и не биле алчни за поголем профит. Доколку се утврди дека цените се многу зголемени ќе следуваат нови владини мерки за да не дојде до нов ценовен шок.
Перцепцијата на надлежните е дека засега нема големи поскапувања на прехранбените производи. Но, велат дека ќе остават за сигурно тоа да го кажат податоците од анализата која теренски се правела во текот на минатиот месец. Она што е официјално е дека храната и безалкохолните пијалаци се поскапени за над четири отсто на годишно ниво, односно за периодот мај лани – мај 2025 година. Но тоа што исто така е интерен момент е дека на месечно ниво, односно мај годинава во однос на април 2025 година трошоците за живот на граѓаните се зголемени за само 1,5 отсто, што е на некое релативно ниско ниво.

