„Cadillac“ нуди исклучителни перформанси со својата „V“-серија – вклучувајќи ги и своите најнови електрични модели. „Lyriq“ беше првиот електричен автомобил со „V“-серијата, а сега тоа име се проширува на помалиот „Optiq“.
„Cadillac Optiq-V“ произведува значително поголема моќност од стандардниот модел: 519 коњски сили и 650 Nm вртежен момент, во споредба со 300 коњски сили и 480 Nm вртежен момент развиен од основниот модел.
Ова е благодарение на погонскиот склоп кој се состои од два електрични мотори и подобрена батерија од 85 kWh.

„Optiq-V“ достигнува од 0 до 100 km/h за само 3,5 секунди, што е речиси еднакво на забрзувањето на најмоќниот „Cadillac V“-серијата, „CT5-V Blackwing“ (3,4 секунди).
За споредба, поголемиот електричен „Lyriq-V“ е уште побрз, со 3,3 секунди до 100 км/ч. И покрај дополнителната моќност, „Optiq-V“ има опсег од солидни 442 км.
Можеби најважно е што ова е првиот модел на „General Motors“ што доаѓа од фабрика со конектор за „North American Charging Standard“ (NACS).
Тоа значи дека може да се полни на која било од илјадниците станици за суперполнење на „Tesla“ низ целиот свет без адаптер. „GM“ сè уште не откри детали за брзината на полнење.

Новиот систем „V-Mode“ носи контрола на лансирање и „Competitive Mode“, кој ја прилагодува контролата на тракцијата за уште подобро управување.
Новиот систем за предни сопирачки „Brembo“ му дава на „Cadillac Optiq-V“ дополнителна моќ на запирање, а системот за помош при возење „Super Cruise“ на „GM“ е стандарден.
Моќта и поагресивниот изглед одат рака под рака – „Optiq-V“ има уникатна предна решетка со „V-Mesh“ решетка, сјајни црни акценти и опционални украси од јаглеродни влакна на задниот браник и спојлер.

Тркалата се посебни, 21-инчни со графитна завршница и ласерски гравиран амблем на „V“-серијата.
Купувачите можат да изберат и полирани или обоени тркала, со гуми за сите сезони или опционални летни гуми.
Cadillac нуди две бои: мат сива „Magnus Metal Frost“ и сина „Deep Ocean“ (како на фотографиите).
Сините детали се пренесени и на сопирачките клешти „Brembo“, а има и некои во ентериерот, со акценти во „Santorini Blue“ или „Sky Cool Gray“ на контролната табла, вратите, седиштата, па дури и безбедносните појаси.

Покрај системот „Super Cruise“, „Optiq-V“ носи и технологија како што е „AKG9 Studio Audio“ системот со 19 звучници, огромен 33-инчен екран кој ги комбинира инструмент таблата и мултимедијалниот дисплеј, како и „Google infotainment“ со апликациите „Google Maps“ и „Google Assistant“.
За жал, „Apple CarPlay“ и „Android Auto“ не се достапни.

Стандардниот „Cadillac Optiq“ во САД започнува од 56.390 долари, додека верзијата од „V-Series“ чини 68.795 долари со сите трошоци.
За споредба, поголемиот и побрз „Lyriq-V“ започнува од 79.990 долари.