4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ предвидува ниска инфлација

ЕЦБ предвидува ниска инфлација

ecb121

Инфлацијата во еврозоната во наредните години ќе остане под зацртаните нивоа, додека растот ќе забележи забрзување, покажуваат резултатите од најновото истражување на ЕЦБ.

Според редовното квартално истражување на Европската централна банка, во кое учествуваа професионални прогнозери, инфлацијата во 17-члената еврозона оваа година најверојатно ќе достигне годишен просек од 1,4 проценти, во 2014 ќе се зголеми на 1,5 проценти, а во 2015 година на 1,6 проценти, додава ЕЦБ, пренесува агенцијата Франс прес.

Според претходната анкета на ЕЦБ од јули, прогнозерите предвидуваа инфлација од 1,5 проценти за оваа и наредната година, и од 1,8 проценти за 2015 година. ЕЦБ ценовната стабилност ја дефинира како годишен пораст на инфлацијата на нешто под два проценти.

Како причина за предвидување на пригушената инфлација, учесниците во ова истражување наведуваат повеќе фактори, меѓу кои се скромното закрепнување на еврозоната, ниското ниво на зголемување на платите, високата стапка на невработеност, поволните трендови во цените на суровините и зајакнувањето на вредноста на еврото.

ЕЦБ минатата недела ја намали референтната каматна стпка на нов историски минимум од 0,25 проценти, во услови на екстремно ниска стапка на инфлација од само 0,7 проценти во октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП