3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Швајцарија има повеќе вработени жени отколку во која било држава од...

Во Швајцарија има повеќе вработени жени отколку во која било држава од ЕУ

swiss

Ниту една држава во ЕУ нема толку вработени жени како Швајцарија, но жените во таа држава заработуваат просечно помалку отколку жените во Унијата, се вели во студија за еднаквост на мажите и жените.

Студијата ја изработиле во Статистичкиот завод во Берн. Во Швајцарија 73,6 отсто од жените на возраст од 15 до 64 години работат што е многу повеќе отколку просекот во ЕУ, што е 58,6 отсто. Но, мажите во Швајцарија во просек 17,9 отсто се повеќе платени од жените, а во ЕУ 16,2 отсто.

Мажите во Естонија заработуваат дури 27,3 отсто повеќе отколку жените.

По број на застапеност на жени во парламентот, Швајцарија е повторно со 29 отсто над просекот во ЕУ кој е 26,4 отсто.

Во скандинавските држави бројот на жени во парламентите е убедливо најголем – во Финска тие се застапени со 42,5 отсто, а во Шведска со 44,7 отсто. з

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП