19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанката на Русија очекува инфлација од 12%

Банката на Русија очекува инфлација од 12%

bankrusssijaaa

Банката на Русија констатираше големи високи инфлаторни очекувања во опсег од 11 до 12 проценти.

Првиот заменик-претседател на Централната банка на Русија, Ксенија Јудајева, по седницата на владината комисија за економска политика, развој и претприемништво, изјави дека кварталните параметри на инфлаторните очекувања укажуваат на инфлација од 11 до 12 проценти.

Централната банка во одлучувањето за каматните стапки особено внимание посвети на нивото на инфлаторните очекувања, пренесува Интерфакс.

Во овие услови, користењето на инструментите на банката пред се влијае на инфлацијата, а не на економскиот раст, укажа Јудајева. Целната инфлација на Банката на Русија за оваа година изнесуваше од пет до шест проценти.

Јудајева претходно предупреди дека ризиците за инфлацијата да надмине шест проценти во 2013 година се зголемени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП