5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛихтенштајн ја укинува банкарската тајна

Лихтенштајн ја укинува банкарската тајна

lihtenshtajnbank1

Властите на Лихтенштајн денес соопштија дека ќе ја прекинат практиката на помагање на странците во даночното затајување во нивните матични земји.

Банките во Лихтенштајн се на мета на напади од Соединетите Американски Држави и другите земји поради олеснување на процесот за даночно затајување, пренесува агенцијата Франс прес.

Лихтенштајн реагираше брзо во поглед на меѓународниот притисок поради прикривањето на даночните азиланти од соседната Швајцарија, која веројатно е најважниот офшор финансиски центар во светот.

Банкарите во Лихтенштајн се надеваат дека оваа одлука ќе ги смири неодамнешните негативни реакции предизвикани со американската и европската истрага за активностите на банките во таа земја, поради што богатите странци масовно ги повлекуваат парите од таа земја.

„Сакаме да станеме атрактивна бизнис локација“, изјави директорката на Бирото за меѓународни финансиски прашања во Лиштенштајн, Катја Геј.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП