Државните ревизори ги прочешлаа финансиските резултати на сместувачките капацитети кои се под државна капа, односно под ЕЛЕМ ТУРС. Наодите од ревизијата покажуваат, застарени сместувачки капацитети, задолженост и континуирани загуби. Тоа практично го обележува работењето на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје. Ревизорите утврдија недоследности во работењето на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, кое се соочува со акумулирани загуби од приближно 12 милијарди денари и обврски над 268 милиони денари.
Застарените сместувачки капацитети, нерационалното трошење на средства и несоодветното управување, го доведуваат друштвого до сериозни предизвици во работењето. Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, за 2023 година.
Податоците велат дека друштвото се соочува со неповолна финансиска состојба уште од своето основање во 2012 година, при што континуитет остварува загуби од работењето и истата акумулирана до 2023 година изнесува 1.196.650 илјади денари, односно 19.395 илјади евра и претставува 92% од основната главнина и покрај тоа што во 2023 година е искажана најмала загуба во последните шест години, што се должи на статусните промени на друштвото, неговата намалена активност, но сепак друштвото во континуитет искажува негативен финансиски резултат од работењето, не е ликвидно и е во лоша финансиска состојба.
„За да продолжи со вршење на својата дејност и подмирување на обврските, друштвото во континуитет склучува трипартитни договори со основачот за преземање на долг. Во периодот од 2018 до 2023 година со исклучок на 2020 година, преку договори склучени со АД ЕСМ Скопје ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје и конкретните доверители, преземени се долгови, од кои во 2023 година преземен е највисок износ на долг од страна на основачот во износ од 180.902 илјади денари. Обврските за вракање на долгот кон основачот постојано растат и во 2023 година изнесуваат 268.382 илјади денари.“ се наведува во извештајот на ДЗР
Податоците велат дека во август 2022 година ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје склучил договор со друштво за менаџмент од Скопје, основано непосредно пред потпишувањето на договорот, за набавка на аутсорсинг услуги во вкупен износ од 20.000 илјади денари, односно 324.000 евра. Времетраењето на договорот е до крајот на 2022 година, а имал ретроактивна важност од два месеци. Со извршената ревизија утврдено е дека реализацијата на договорот продолжила во 2023 година и исплатени се вкупно 34.052 илјади денари што претставува 70% надминување од вредноста на договорот. Извршената анализата на броот на ангажирани иэвршители по договор за аутсорсинг, нивните работни активности и бројот на редовно вработени лица во Подружница Шапка, споредено со нискиот износ на приходи остварен од сместувачките капацитети во периодот мај септември 2023 година, не овозможи уверување за потребата и оправданоста од ангажманот на надворешни извршители во тој период, што влијае на рационалното трощене на јавните средства.
Co извршената ревизија утврдедно е дека дека ЕЛЕМ TУPС ДООЕЛ Скопје располага градежни објекти и опрема во износ од 284.377 илјади денари, кои заради вршење на дејноста се изложени на ризици и за истите одговорното лице нема спроведено постапка за осигурување на имотот и средетвата на друштвото од кражби, пожар и други елементарни непогоди, што може да предизвика штета врз имотот и средствата на друштвото во случај на настануване на ризиците.
Ревизорите објавија дека од 2018 година ЕЛЕМТУРС ДООЕЛ Скопје започнал со реализација на проект ,Ладен оброк“, со кој вработените во АД ЕСМ Подружница РЕК Битола се снабдуваат со оброк. По тој основ друштвото само во првите два месеци од 2023 година, остварило приход од АД ЕСМ Скопје во износ од 11.217 илјади денари. За реализација на овој проект континуирано се набавувани стоки без претходно спроведена постапка за доделување на договор за јавна набавка, што не е во согласност со одредбите од ЗЈН и може да влијае на економичното, ефикасно и ефективно користење на јавните средства.
„Од извршениот теренски увид на постојните сместувачки капацитети на „Хотел Молика“ – Битола, Хотел „Попова Шапка“ – Тетово, Хотел „Славија“ — Тетово, Одморалиште „Свети Стефан“ – Охрид, Одморалиште „Маврово“- Маврови Анови и Авто камп „Ливадиште“ – Струга, утврдено е дека со исклучок на „Хотел Молика“ – Битола, констатирано е дека истите се застарени и во најголем дел не ги обезбедуваат минимално техничките услови за сместување. Сместувачкиот капацитет во Одморалиштето „Свети Стефан“ – Охрид не може да се користи поради исклучена електрична енергија, додека во тек е реновирање на сместувачките и угостителските капацитети во Авто камп „Ливадиште“ – Струга.“ стои во извештајот на ДЗР
За поголема искористеност на постојните капацитети потребна е сеопфатна анализа на состојбите и инвестиции кои ке зголемат нивната атрактивност, ќе го подобрат квалитетот на услугите и ќе овозможат постигнување на стандардите, препорачуваат ревизорите.
И.П.