17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Газпром зголемен за 30 %

Профитот на Газпром зголемен за 30 %

gazprom1df1

Нето профитот на „Газпром“ во вториот квартал од оваа година е зголемен за 30 проценти на 202 милијарди рубљи (6,2 милијарди долари), во споредба со истиот период од 2012 година.

За овие резултати од работењето заслужен е растот на прометот од девет проценти, на 1,100 милијарди рубљи, пренесува агенцијата Итар тас.

Во првата половина од оваа година профитот се зголеми за 12,8 проценти на годишно ниво, на 582,68 милијарди рубљи.

Како што соопшти компанијата, приходите за споменатиот период се зголемиле за 15,1 проценти и достигнале 2,568 милијарди рубљи. Оперативните трошоци се зголемени за седум проценти, на 1,719 милијарди рубљи.

„Газпром“ минатата година имаше промет од 148 милијарди долари, потсетуваат медиумите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП