2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција на бизнис ангели во Македонија

Конференција на бизнис ангели во Македонија

business-angel-image

Европско-македонскиот центар за знаење и иновации ЕМКИЦЕ денеска во Скопје организира настан насловен како „Awaking macedonian angel investmnent scene“ со кој ќе биде најавена Европската недела на бизнис ангели која ќе се
одржи во 31 држава.

На настанот ќе се обрати претседателот на Европската мрежа на бизнис ангели, Пауло Андрес, кој за првпат доаѓа во Македонија, како и годинашниот добитник на наградата „Angel оf тhе year 2013“ Душан Стојановиќ, кој по потекло е Македонец.

Целта на настанот е да ги промовира можностите за инвестирање во Македонија и да се подигне свеста за ко-инвестирачките фондови. Ќе се дебатира за улогата на бизнис ангелите во економијата и за ко-инвестирачките фондови во малите и средните претпријатија.

Бизнис ангелите се еден вид финансиери кои вишокот финансиски средства ги инвестираат во поединци или компании преку поволни услови.

Нивната значајност е согледана и од Европската комисија со чија соработка во 1999 година е формирана мрежата на европски бизнис ангели (EBAN).

Бизнис ангелите имаат клучна улога во европската економија особено во делот на малите и средните претпријатија.

Тие досега имаат инвестирано повеќе од пет милијарди евра годишно, односно 15 милијарди евра во 26 илјади компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП