17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвент: Во Македонија недоволно се користат консултантски услуги

Швент: Во Македонија недоволно се користат консултантски услуги

consulting

Македонските компании недоволно користат консултантски услуги, кои имаат многу важна улога во поддршка на развојот на бизнисите. Единствено дел од големите компании ангажираат консултанти.

Ова го истакнува Миха Швент, раководител на Регионалната програма на Европската банка за обнова и развој – ЕБОР за поддршка на мали и средни бизниси во Западен Балкан и Југоисточна Европа со седиште во Скопје во интервју за МИА.

Програмата на ЕБОР за поддршка на мали и средни бизниси во Западен Балкан и Југоисточна Европаза, прецизира, е насочена токму за поддршка на малите и средни компании кои никогаш порано не користеле консултантски услуги.

– Само во последните неколку години во Македонија компаниите на кои им помогнавме со консултации отворија повеќе од 2.000 нови работни места и покажаа неверојатен раст.

Нашите консултантски услуги помагаат компаниите да станат конкурентни и иновативни и да се прошират во регионот, вели Швент.

Најчесто, корисници на консултантски услуги, додава, се компании од прехранбената индустрија чија цел е да извезуваат и да станат конкурентни на меѓународно ниво.

Програмата во Македонија функционира од 2002 година и досега има поддржано над 600 компании со македонски консултанти и 60-тина со странски консултанти.

Меѓу поддржаните компании се Макпрогрес, Бучен Козјак, Кодинг, Пекабеско, Специјал, хотел Белведере,
Инфинити солушн,… Програмата работи со консултантски услуги во вкупно 25 земји и има поддржано над 10.000 фирми.

Во интервјуто Швент посочува дека Македонија веќе има изградено кадри кои може да помогнат на компаниите.ск

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП