ПочетнаЕКОНОМИЈАМу се сврте во главата: Илон Маск изгуби 34 милијарди долари за...

Му се сврте во главата: Илон Маск изгуби 34 милијарди долари за еден ден

Објавите на Елон Маск на X мрежата повторно предизвикаа финансиски последици – и тоа драстични.

Според индексот на милијардери на Bloomberg, Маск изгуби неверојатни 34 милијарди долари лично богатство за само 24 часа, што е втората најголема дневна загуба откако индексот е воведен.

Интересно е што првиот најголем пад во историјата му припаѓа исто така нему – од ноември 2021 година.

Акциите на Tesla паднаа, вредноста на компанијата се урна

Рекордната загуба дојде откако акциите на Tesla паднаа за 14%, бришејќи повеќе од 150 милијарди долари од вредноста на компанијата – најголемиот еднодневен пад во историјата на берзата, според податоците на FactSet.

Маск сè уште неоспорен на врвот

И покрај овој пад, Илон Маск сè уште цврсто ја држи титулата најбогат човек на планетата, со богатство кое според најновите податоци (5 јуни) се проценува на околу 334 милијарди долари.