3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрана која подмладува

Храна која подмладува

hraniste

– Ботоксот до неодамна беше единствен третман против страеење. Меѓутоа, сега доби огромна конкуренција со сите можни третмани од најновата технологија. Постојат различни можности за оние кои бараат проверена фонтана на младоста.

Иако не можеме да ги избришеме брчките или да ги елиминираме подочниците, можеме да го спречиме стареењето почнувајќи од самиот почеток, со својата исхрана.
Овие намирници, кои ги препорачуваат експертите, се повеќе од самите антиоксиданси.

Тие го забавуваат стареењето на мозокот и на телото, а тоа е нешто што не можете да го купите
во кремата.
Зелка и семки
Овие намирници се голем извор на калциум и се добра алтернатива на млечните производи. Сите се свесни од потребата за зачувување на коските, затоа во својата исхрана додавајте и
семки.
Азиски печурки
Овие печурки ја подобруваат циркулацијата на крвта, која игра важна улога во здравјето на вашата кожа. Во својата исхрана додајте шитаке, еноки и маитаке печурки и измешајте ги со
зеленчук.
Зелен чај
Зелениот чај е моќен извор на катехин-полифенол, кој има силно антиоксидативно дејство. Кари Негова главна состојка е коренот на куркума, која содржи многу противвоспалителни
состојки, кои помагаат во намалување на воспаленијата на зглобовите и го намалуваат ризикот од појава на сенилност.
Црното чоколадо го чува здравјето на клетките
Црното чоколадо содржи висока доза на антиоксиданси. Секојдневно конзумирајте црно чоколадо со минимална количина на какао од 70 отсто и на тој начин ќе ја одржите вашата
кожа еластична.

Мали лути црвени пиперки
Содржат многу каротеноиди и витамин Ц, кои ја одржуваат структурата на вашите клетки на
кожата.

Грав
Гравот е богат со протеини, минерали и витамин Б, поради кои телото ќе ви биде благодарно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП