12 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Toyota“ пресмета: Еден електричен автомобил загадува колку три хибриди

„Toyota“ пресмета: Еден електричен автомобил загадува колку три хибриди

Акио Тојода е познат по тоа што секогаш го кажува своето мислење. Со години, тој тврдеше дека принудувањето на сите да купуваат електрични автомобили не е патот напред. А сега го повторува тоа, изнесувајќи го својот став.

Претседателот на „Toyotа“, кој е поранешен претседател на компанијата, останува непоколеблив дека транзицијата не треба да се брза и дека инвестирањето во електрични возила би имало огромни последици за целата автомобилска индустрија. Главната причина е што милиони работни места низ целиот синџир на снабдување би биле во опасност доколку моторите со внатрешно согорување се укинат премногу брзо.

Во однос на животната средина, Тојода тврди дека електричните автомобили сѐ уште се многу повалкани од хибридите. Внукот на основачот на компанијата, Кичиро Тојода, тврди дека „Toyota“  продала околу 27 милиони хибриди од лансирањето на првата генерација „Prius“ во 1997-ма година. Тој вели дека тие хибриди имаат ист јаглероден отпечаток како 9 милиони целосно електрични возила.

Со други зборови, едно електрично возило е валкано колку три хибриди. Тојода тврди дека разликата е уште поголема кога електричните возила се напојуваат со електрична енергија од термоелектрани зависни од фосилни горива, како што е случајот во Јапонија.

„Доколку произведовме девет милиони електрични возила во Јапонија, тоа всушност ќе ги зголемише емисиите на јаглерод, а не ќе ги намали. Тоа е затоа што Јапонија се потпира на термоелектрани за електрична енергија“, објаснува Акио Тојода.

Неподготвеноста на „Toyota“ целосно да ги прифати електричните возила предизвика критики, а некои дури и ја доведуваат во прашање иднината на компанијата. Всушност, спротивното е точно, и во 2024-та година „Toyota“ беше најголемиот производител на автомобили во светот по петта година по ред.

Електричните возила на јапонскиот производител на автомобили можеби заостануваат зад конкуренцијата, но „Toyota“ го надоместува тоа со своите хибриди и други модели со мотори со внатрешно согорување што сè уште ги продава. Најновиот автомобил на бензински мотор што доби хибриден погон е „Aygo X“, најмалиот модел на компанијата, надвор од автомобилите што се продаваат исклучиво во Јапонија. „Toyota“ тврди дека малиот хечбек има најмал CO₂ отпечаток од кое било возило без приклучок на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП