30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономската криза го зголеми јазот меѓу богатите и сиромашните во ЕУ

Економската криза го зголеми јазот меѓу богатите и сиромашните во ЕУ

european-union

Економската криза во Европската унија го зголеми јазот меѓу најбогатите и најсиромашните слоеви на општеството, покажуваат резултатите од новото
истражување за влијанието на кризата врз европските граѓани, кое го спроведе Европскиот фонд за подобрување на условите за живот и работа (Еурофонд).

Истражувањето на Еврофонд за влијанието на кризата врз благосостојбата и чувството на задоволството од животот во Европа е спроведено во 28-те држави-членки на Унијата и во
шест други европски земји.

Резултатите покажале дека благосостојбата е најголема во Данска, а по неа следуваат Финска, Шведска и Холандија.

Зголемувањето на благосостојбата е најголемо меѓу најбогатите слоеви на општеството, а најголем пад чувстуваат лицата со најмали примања, што укажува на ширењето на јазот меѓу
најбогатите и најсиромашните слоеви на општеството.

Најголем пад на благосостојбата од 2007 година е забележан во Грција и Естонија, а во некои сиромашни земји, како Бугарија и Романија дошло до подобрување на состојбата.

Во Франција е забележан висок степен на стрес, во Италија осаменост, а во Велика Британија слаба волја за живот. Романците и Холанѓаните во голем процент се задоволни од
образованието.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП