
Владина делегација предводена од заменик претседателот задолжен за економски прашања од денеска престојува во посета на Соединетите Американски Држави.


Владина делегација предводена од заменик претседателот задолжен за економски прашања од денеска престојува во посета на Соединетите Американски Држави.
Во состав на делегацијата се и министерот за странски инвестиции без ресор Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо.
За време на посетата, како што соопшти Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, делегацијата ќе одржи инвестициски презентации за можностите и поволностите за инвестирање во Република Македонија, пред членови на бизнис заедниците од градовите Кливленд, Индианаполис, Милвоки и Минеаполис.