3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Продис“ ќе го проширува својот бизнис во Македонија

„Продис“ ќе го проширува својот бизнис во Македонија

prou

Руско-македонската компанија „Продис“, кој одбележува една година постоење, денеска најави изградба на нова фабрика за хомеопатски препарати и козметика и градење или приспособување на постоечки објект за откуп, обработка и стерилизација на репроматеријали.

Вкупната инвестиција ќе чини околу 15 милиони евра од кои седум милиони ќе бидат наменети за изградба на фабриката, а осум милиони евра за објектот за откуп и обработка. Планирано е во следните две години да се вработат од 100 до 200 лица.

Фабриката ќе се наоѓа на постоечката парцела во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик, а камен-темелникот се очекува да биде поставен во април идната година. Фабриката треба да биде готова до крајот на 2014 година.

– Кон крајот на октомври акционерите врз основа на анализата на оствареното, плановите и условите на работење со помош на Владата и сите држани институции на Република Македонија, донесоа одлука „Продис“ да влезе во втората и третата фаза на фабриката. На тој начин ќе се заокружи целиот циклус на проектот кој го имаме планирано за поконкурентни висококвалитетни производи за сите пазари кои веќе се или ќе бидат освоени од „Продис“, истакна денеска на прес-конференција генералниот директор на компанијата, Коста Димов.

Околу 10 до 15 проценти од суровините за чај и житарици компанијата ги набавува од Македонија, а остатокот го купува од европските и светските пазари.

– Затоа влегуваме во третата фаза за да се почне со планско сеење, жнеење и одгледување на репроматеријалот во Република Македонија затоа што скоро целата наша држава е органска, односно имаме многу малку загадување. Сакаме во овој порцес да ги вклучиме сите луѓе кои имаат желба или веќе го работат тоа. Тие ќе ни бидат надврорешни партнери со кои ќе склучуваме договори, но ќе пробаме и да ги едуцираме и да ги подготвиме за квалитетот кој нас ни е потребен, рече Димов.

По повод роденденот денеска во Градскиот трговски центар во Скопје е отворена и првата хомеопатска аптека на „Продис“.

Компанијата досега има 158 производи од четири портфолија. Има вработено 80 лица, но до крајот на годината оваа бројка ќе биде зголемена за уште пет нови работни места. Освен во Македонија, компанијата има свои претставништва и во Руската Федерација, Украина, Австралија и Америка, а во процедура е регистрирањето на претставништво во Сингапур.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП