2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилен раст на добивката на EADS

Силен раст на добивката на EADS

eads korp

Најголемата европска воздухопловна корпорација „EADS“, во првите девет месеци од оваа година остварила нето-добивка од околу 1.2 милијарди евра.

„EADS“ така оствари раст од 36 проценти во споредба со истиот период од минатата година.

Оперативната добивка во споменатиот временски интервал забележа раст од 22 проценти или на 2.3 милијарди евра, додека приходите од работењето се зголемени за седум проценти или на 40 милијарди евра.

Исто така значително се зголемени и парите од нарачки од 50.4 милијарди во првите девет месеци од 2012-та година на 138.2 милијарди евра во 2013-та.

Во соопштението се наведува дека динамичката активност е одржана во третиот квартал, особено поради „Airbus“, кој работи како дел од оваа европска корпорација.

Што се однесува до иднината, „EADS“ за целата 2013-та смета дека бројот на нарачани комерцијални авиони ќе биде поголем од 1.200. Испораките од „Airbus“ би требало да изнесуваат 620 комерцијални летала.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП