12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија го зголеми извозот на дијаманти

Русија го зголеми извозот на дијаманти

rusijadijamanti1

Русија во првите шест месеци оваа година го зголеми извозот на дијаманти за 18,6 проценти, на 18,31 милиони карати.

Увозот истовремено е намален за 2,3 пати, на 27,037 карати во споредба со првата половина од минатата година, наведува Министерството за финансии на Русија.

Изразено во пари, извозот на дијаманти за првите шест месеци во 2013 година е зголемен за 17,6 проценти на 2,32 милијарди долари, а увозот за 13,9 проценти, на 46,56 милиони долари, пренесува агенцијата Итар тас.

Притоа, извозот на дијаманти во вториот квартал од оваa година е намален во однос на првиот квартал за 14,8 проценти, на 8,4 милиони карати и на сума од 1,14 милијарди долари. Увозот во тоа време е намален за 3,6 проценти, на 5,85 карати, и на сума од 12,8 милиони долари.

Во Русија 97 проценти од дијамантите ги произведува компанијата „Alorsa“, која е прва во светот според обемот на производство на дијаманти.

Во 2012 година компанијата „Alorsa“ произведе 34,5 милиони карати дијаманти, вредни 4,45 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП