26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOKTA донираше 600.000 денари за уредување и чистење на одводните канали...

OKTA донираше 600.000 денари за уредување и чистење на одводните канали во општина Илинден

okta8

ОKTA и општина Илинден продолжуваат со успешна соработка на повеќе полиња.Најнов заеднички проект е чистењето  на дел од отворените одводни канали кои поминуваат преку територијата на оваа општина, со вкупна должина од 120 килиметри.

Денес компанијата ОКТА донираше над 600.000 денари наменети за чистење на каналската мрежа, која минува низ атарот на населено место Кадино  во должина од 2000 метри, а кое ќе го изврши Јавното Претпријатие Водостопанство „Скопско Поле“-Скопје, надлежно за одржување на ХМС „Скопско Поле“-Скопје.

Со овој проект, со помош на механизација превидено е да се одведе целокупниот комунален отпад и вегетација од системот на отворени одводни канали а кој е создаден претежно од негрижа на локалното население, и во отсуство на организиран систем за менаџирање на отпадот. Со тоа, директно ќе се влијае на намалувањето на количеството на смет во општината, ќе се обезбеди нормален проток на водата, и со тоа Илинден  да биде уште почиста и поеколошка општина.

“Ова е исклучително значаен проект за локалната заедница, кој има цел да ја зголеми заштитата на населението од појава на поплави, заразни болести. Истовремено е добар пример за тоа што може да се постигне  преку соработка на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор.ОKTA  и понатаму ќе продолжи со своите општетсвено одговорни активности, подобрувајќи го квалитетот на животот на локалното население”, изјави г. Виктор Папаконстантиноу, главниот извршен директор на ОКТА.

okta7

Како една од најголемите компании во југоисточна Eвропа, ОKTA континуирано вложува во локалната заедница и во животната средина.

„Денес ја продолжуваме успешната соработка со компанијата ОКТА и во областа на заштитата на животната средина, преку чистење и уредување на дел од отворените одводни канали во Општина Илинден. Овој дел од каналската мрежа што денес почнуваме да го чистиме  е исклучително важен бидејќи со уредување на овој потег ќе се овозможи непречен проток на атмосферските води, но и пречистените води од пречистителната станица која што се наоѓа во непосредна близина на каналската мрежа,за да се зафатат и одведат отпадните води од над 300 домаќинства од населеното место Кадино.

„Соработката и општествената одговорност што ја покажува ОКТА во развојот на локалната заедница е вистинскиот пример што треба да го следат и останатите стопански субјекти и компании во Општина Илинден, се со цел заднички да придонесеме во создавањето на просперитетна иднина на целокупното население и заедницата“, истакна градоначалникот на Општина Илинден, г-дин Жика Стојановски.

okta9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП