
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 27-мата седница даде согласност Коста Костадиновски и Јован Дојчиновски да бидат именувани за извршни членови на Одборот на директори на Друштвото за управување со инвестициски фондови “Илирика Фунд Менаџмент” АД Скопје. Имено, во наредните две години, Коста Костадиновски ќе ја врши функцијата Главен извршен директор, а Јован Дојчиновски ќе биде извршен директор на “Илирика Фунд Менаџмент”АД Скопје. И двајцата и досега раководеа со друштвото, што значи се старо-нови директори.

