26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВип го продолжува трендот на раст

Вип го продолжува трендот на раст

vip-logo-denar

Во третиот квартал од 2013 година, Вип оператор продолжува со својот раст во услови на висока конкурентност на македонскиот телекомуникациски пазар. Вип има повеќе од 645.000 корисници, што претставува зголемување од 3% споредено со истот период минатата година. Вип оператор го зголеми својот пазарен удел до 28,2%, засилувајќи ја својата предност пред третиот играч на пазарот.

Во третиот квартал од 2013 г., приходите пораснаа за 7% до речиси 18 милиони евра, како резултат од поголемиот број на постпејд корисници и поголемиот сообраќај.

Заработката пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (ЕБИТДА) порасна за 34%, споредено со третиот квартал минатата година, до повеќе од 5 милиони евра. Во истиот период, оперативната добивка  двојно се зголеми.

– Навистина сме горди и задоволни што Вип оператор ја одржува континуираната динамика на раст. Растот на нашата корисничка база и повисоката профитабилност овозможува Вип оператор да продолжи да инвестира во технологија која ќе го обезбеди следното ниво на  корисничко искуство, како и да обезбеди повеќе вредност за македонските граѓани, изјави Питер Цидек, Главен финансиски директор на Вип оператор.

Оваа година, Вип инвестираше 10.3 милиони евра во ЛТЕ лиценца и дополнителен спектар на фреквенции со цел да го подобри квалитетот на своето портфолио на услуги.

Телеком Австрија Групацијата денес ги објави финансиските резултати  за третиот квартал и првите девет месеци од 2013 година за Вип оператор.

Повеќе информации за Телеком Австрија Групацијата се достапни на http://www.telekomaustria.com/ir

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП