21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави економскиот раст на Германија

Забави економскиот раст на Германија

germanija3

Економскиот раст на Германија забави во третиот квартал оваа година поради лошиот однос на извозот и увозот.

Федералното биро за статистика денес соопшти дека најголемата европска економијa пораснала по квартална стапка од само 0,3 проценти во периодот од јули до септември, додека во вториот квартал растот изнесуваше 0,7 проценти.

Поединечните категории на раст ќе бидат објавени подоцна овој месец, но Заводот вели дека „позитивно придонела само домашната потрошувачка“, додека „трговскиот биланс негативно влијаел на БДП“.

Аналитичарот на германската банка „ING“, Карстен Брзески изјави дека малата невработеност, растот на платите и силната надворешна побарувачка за германските производи покажуваат дека оваа економија „останува бастион во еврозоната“.

Брзески смета дека „нема причина да постои сомневање во стабилноста на економијата на Германија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП