По повлекувањето од САД пред неколку години, целосно електричниот „MX-30“ повеќе не се продава во Европа, вклучително и во Велика Британија.
Моделот исчезна од бројни конфигуратори низ целиот континент, како што потврдија за „Motor1.com“ од „Mazda“. Малиот кросовер без бензински мотор е тивко повлечен.
„’Mazda MX-30 BEV’ е повлечен од продажба во Европа, а сите примероци во Велика Британија веќе се продадени. Производството на моделот ‘MX-30 BEV’ за Европа и Велика Британија е завршено. Сепак, наградуваниот ‘MX-30 R-EV’ е сè уште достапен за клиентите кои сакаат искуство со електрично возење со безбедност на опсегот на ротационен мотор“, изјави Моник Кларк, од одделот за односи со јавноста на „Mazda“ во Велика Британија.
Европејците сè уште можат да го купат „MX-30 e-Skyactiv R-EV“ – верзија со продолжувач на опсегот. Тоа е единственото сериско возило со ротационен мотор, иако не ги погонува тркалата, туку служи како генератор за полнење на батеријата од 17,8 kWh.
„Mazda“ не ја продава оваа верзија во Северна Америка, каде што е во развој помоќен систем со двоен ротор за сè уште неименуван модел.
Сепак, ротациониот „MX-30“ не е единствената верзија со SUS мотор. Во Јапонија и на други пазари, се нуди и варијанта со атмосферски 2,0-литарски бензински мотор и благ хибриден систем.
Производството на „MX-30“ започна пред околу пет години.
„Mazda“, исто така, лансира поголем теренец „EZ-60“ во Кина со продолжувач на опсег, но без ротационен мотор.
Се очекува овој модел да пристигне на други пазари, особено затоа што седанот „EZ-6“ веќе е преименуван во „6e“ во Европа.
„EZ-60“ би можел да се нарече „CX-6e“ во Европа и други региони.
Иако „MX-30“ ќе биде запаметен како првото масовно произведено електрично возило на „Mazda“, претходеше уште едно.
Во 2012-та година, „Mazda“ го лансираше „Demio/Mazda2 EV“ во Јапонија, во ограничено издание од околу 100 единици. Сите беа изнајмени на локалните власти и компании во близина на нејзиното седиште во регионот Чугоку.
Првата наменски изградена механичка платформа за електрични возила на „Mazda“ ќе биде готова во 2027-ма година, а нова генерација електрични возила ќе следи една година подоцна.