19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRWE ќе отпушти 10.000 работници во Европа

RWE ќе отпушти 10.000 работници во Европа

RWE_WEM-MON_001

Втората најголема германска енергетска компанија „RWE“ ќе отпушти уште 6.750 работници во Европа до 2016-та година, објавија светските медиуми, повикувајќи се на портпаролот на групацијата.

Вознемирувачките предвидувања на компанијата за следната година доведоа до зголемување на претходно најавените отпуштања. Вкупниот број на ослободените службеници ќе ја надмине бројката од 10 илјади луѓе.

Отпуштањата ќе влијаат целата групација и тоа главно во Германија, Велика Британија и Источна Европа. Само во Германија, најверојатно, ќе бидат отпуштени уште 4.700 работници.

Порано „RWE“ објави дека за во третиот квартал на годината се подготвени дополнителни мерки за намалување на трошоците за наредните четири години, кои изнесуваат 1 милијарда евра. Компанијата која има над 63.000 вработени во Европа, очекува нето приходи од 1.3 и 1.5 милијарди евра за следната година, што е пад од помеѓу 38 проценти до 48 проценти од 2.4 милијарди колку што беа предвидени за 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП