Со 68 гласа “за” и 16 “против”, Собранието го избра Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка на Македонија.
Славески е универзитетски професор по економија и поранешен министер за финансии во владата на пребеганиот Никола Груевски. Во последниот состав на Советот на Град Скопје ја извршуваше функцијата претседател.

