Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, може да ја напушти оваа позиција пред крајот на нејзиниот мандат за да го преземе раководството на Светскиот економски форум во Давос, изјави основачот на форумот, Клаус Шваб.
Тој изјави за Фајненшл тајмс (FT) дека последен пат се сретнал со Лагард на почетокот на април во Франкфурт, за да разговараат за транзицијата на лидерската позиција на Светскиот економски форум.

