19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПреполовен профитот на Intesa Sanpaolo

Преполовен профитот на Intesa Sanpaolo

intessasann1

Италијанската банка „Intesa Sanpaolo“ во третиот квартал забележа пад на нето профитот од 47,3 проценти на годишно ниво, на 218 милиони евра.

Лошите резултати, сепак, се подобри од очекуваните.

Резултатите на банката покажаа дека пошироките економски проблеми негативно се одразуваат на банкарскиот сектор во Италија, пренесува агенцијата Франс прес.

Групацијата наведува дека и понатака ќе се труди да го зајакне капиталот, во пресрет на стрес-тестовите за проценка на стабилноста на европските банки.

Втората по големина банка во Италија, додаде дека нејзиното ниво на висококвалитетен капитал, кој е мерило за здравјето на банката, е над прописите во ЕУ и изнесува 12,1 проценти, во однос на 11,7 проценти од крајот на јуни оваа година.

Аналитичарите за третиот квартал прогнозираа нето профит од 213 милиони евра. Профитот од работењето изнесуваше две милијарди евра, а 1,5 милијарди евра се одвоени како резерва за заштита од лошите кредити, се наведува во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП