13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромоција на анализа за условите за водење бизнис во Македонија

Промоција на анализа за условите за водење бизнис во Македонија

g_sorabotka

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и Бизнис конфедерацијата на Македонија (БКМ), денеска ќе ги промовираат резултатите од шестмесечното интензивно мерење на условите за водење бизнис во Македонија, спроведена со поддршка на Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Во насока на подобрување на бизнис климата и реална одржливост на претпријатијата двете организации ги споредуваа резултатите од реалниот сектор во Македонија со  резулатите од анализите од меѓународните институции. Како резултат на истражувањето беа идентификувани клучните актуелни подрачја кои ја ограничуваат поволната бизнис клима во Македонија.  Петте клучни препораки што ќе бидат промовирани денеска се подобрување на правната и регулативната средина, владеење на правото и право на сопственост, пристап до финансиски услуги, лојална конкуренција и претприемачка култура.

На Конференцијата се очекува обраќања да имаат заменик министерот за економија Христијан Делев, советникот на Меѓународна организација на трудот Драган Радиќ, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров и извршниот претседател на Бизнис конфедерација на Македонија Миле Бошков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП