28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОд Нант до Копенхаген со еден резервоар

Од Нант до Копенхаген со еден резервоар

blue golf

Во рамките на тестот на економичност, „Volkswagen Golf TDI BlueMotion“ го премина растојанието меѓу двата европски града остварувајќи просечна потрошувачка од 2,93 l/100 km.

Тестот кој го организираше „Volkswagen“ беше реализиран под надзор на германската агенција „DEKRA“, која се занимава со испитувања на техничките карактеристики на возилата. На почетокот на патувањето резервоарот на „Golf“ од 50 литри бил наполнет до „врв“ и запечатен.

Како што истакнуваат организаторите, автомобилот се движел по вообичаени сообраќајни услови кои инаку владеаат меѓу двата града, а да ја помине делницата од 1.602 км на овој автомобил му беа потребни 20 часа и 45 минути, што значи дека просечната брзина изнесувала околу 77 km/h.

По доаѓањето на целта, резервоарот бил отпечатен и било долеано ново гориво. Кога долевањето било завршено, мерниот инструмент на пумпата покажа дека во возилото било долеано 46,92 литри дизел гориво, колку што било потрошено за време на возењето.

blue golf1

За пат е избрана делницата која од Нант до Копенхаген води преку Париз, Антверпен, Бремен и Хамбург. Нант и Копенхаген меѓу останатото се избрани и поради нивната симболика – францускиот град е „Европска еколошка претстолнина за 2013-та“, а Копенхаген ќе ја има оваа титула во 2014-та година.

Од „Volkswagen“ не соопштија повеќе детали за овој тест, а интересно е дека во текот на возењето постигната е пониска потрошувачка од фабрички декларираните 3,2 l/100 km.

„Golf TDI BlueMotion“ е опремен со 1.6 литарски мотор со 110 ks (81 kW) и 250 Nm максимален вртежен момент. Емисијата на „CO2“ исто така е многу ниска и изнесува 85 g/km.

Големата економичност „Golf TDI BlueMotion“ ја постигнува покрај останатото и благодарејќи на стандардниот „stop-start“ систем, системот за регенерација на енергијата при сопирање, подобрата аеродинамика, намалената маса, подобрениот шестстепен мануелен менувач и гумите со низок коефициент на отпор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП