19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцускиот буџет под контрола

Францускиот буџет под контрола

franciiijja1

Предвидените буџетски расходи на Франција се прифатливи така што е планирано намалување на јавниот дефицит до крајот на годината на 4,1 проценти од БДП во реални услови.

Беше анализиран нацрт-законот за ревизија на буџетот за 2013 година, кој денес ќе биде претставен пред Советот на министри, пренесува агенција АП.

Високиот совет оцени дека предвидените расходи, даноци и трошоци на јавната администрација се прифатливи како и дека економскиот раст на БДП кој го предвиде владата за оваа година од 0,1 проценти е реален.

Нацрт-ревизијата за буџетот за тековната година предвидува буџетскиот дефицит да биде намален до крајот на 2013 година за 0,7 проценти во однос на 2012 година, осносно на 4,1 проценти од БДП.

Нацрт-ревизијата за буџетскиот закон за оваа година предвидува и нови договори за животното осигурување со цел да се поттикне финансирањето на претпријатијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП