29 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрофитабилноста на соларните електрани падна на историски минимум

Профитабилноста на соларните електрани падна на историски минимум

Профитабилноста на соларните електрани низ Европа падна на историски минимум, а најлошите резултати се забележани во Шпанија и Франција, покажаа податоците од Лондонската берзанска група (LSEG).

Според LSEG, просечната стапка на зафаќање (capture rate), индикатор за профитабилноста на обновливите извори, во Шпанија падна во текот на мај од 43 проценти во истиот месец минатата година, на само седум проценти.

Причината за овој пад е комбинацијата од исклучително сончева пролет и ненадејниот раст на соларните капацитети, кои почнаа да ја преплавуваат мрежата со вишок енергија, пишува Мина.

Само во Шпанија, капацитетите надминаа 50 гигавати (GW), што е шест пати повеќе отколку пред десет години.

Во Франција, каде што соларниот капацитет се зголеми речиси десеткратно во истиот период, стапката на зафаќање падна на рекордно ниско ниво од 13 проценти.

„Најголемиот ризик за експанзијата на обновливите извори лежи токму во падот на профитабилноста на сончевата енергија“, предупреди водечкиот енергетски аналитичар во LSEG, Натали Герл.

Според неа, пониските профити директно го загрозуваат инвестицискиот потенцијал и спроведувањето на политичките цели на транзицијата кон зелена енергија.

Некои соларни електрани во Шпанија намерно го намалија производството со цел да ја стабилизираат мрежата, особено по големиот прекин на електричната енергија во април.

Инвеститорите се сè повнимателни, а продолжувањето на ваквите трендови би можело сериозно да го забави развојот на европскиот соларен сектор – токму во моментот кога се очекува да даде клучен придонес кон климатските цели на Европската Унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП