Европските берзански индекси денес бележат мал пораст, цените на златото и пченицата паднаа, додека пазарите очекуваат податоци за економското расположение во Еврозоната, кои ќе бидат објавени во 11:00 часот.
Денес во 9:15 часот, индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,19 проценти на 24.046,77 поени, лондонскиот FTSE 100 за 0,78 проценти на 8.784,95 поени, францускиот CAC 40 за 0,99 проценти на 7.810,42 поени, московскиот MOEX за 0,71 процент на 2.719,32 поени.
Американските берзи вчера беа затворени поради одбележувањето на Memorial Day, кога им се оддава почит на луѓето кои загинале додека служеле во вооружените сили на Соединетите Американски Држави.