Сезоната во Грција полека наближува, па туристите мора да бидат запознаени со новите правила, но и да ги запомнат старите. Оваа година, на Халкидики нè очекуваат некои новости.
Важно известување за сите што планираат да ја посетат Касандра оваа година – првиот крак на Халкидики. Ова лето, на Касандра се очекуваат зголемени сообраќајни контроли, со присуство на дополнителни полициски патроли на главните патишта и на најпосетуваните места. Покрај редовната контрола на брзината, фокусот ќе биде и на тестирањето за алкохол кај возачите, како и на казнувањето на нелегалното паркирање – особено во близина на плажите и во строгите центри на одморалиштата, според Инстаграм профилот на Nikana.gr.

