23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGazprom Neft го зголемува производството

Gazprom Neft го зголемува производството

gazprmneeeffftt

Руската нафтена компанија „Gazprom Neft“ планира до 2015 година да го зголеми производството на гас за 61 процент, на 17,9 милијарди кубни метри годишно, во споредба со 2012 година.

Тогаш беа произведени 11,1 милијарди кубни метри.

Компанијата активно ги развива деловните активности во областа на гасот, ориентирани на комерцијализација на залихите на природен гас и гасот кој се јавува на наоѓалиштата за нафта, како и на зголемување на неговите вредности.

Програмата за гас на групацијата „Gazprom Neft“ се базира на забрзаниот раст за производство на гас во Русија, се наведува во извештајот.

Во јуни шефот на „Gazprom Neft“, Александар Дјуков најави дека компанијата во наредните две до три години ќе го зголеми бројот на бензински пумпи кои продаваат гас на 400-500 единици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП