Стапката на невработеност во Велика Британија од 7,6 проценти на квартално ниво, заклучно со септември, го достигна најниското ниво во изминатите три години.
Падот на стапката на невработеност го надмина очекувањето на аналитичарите, кои предвидуваа намалување на 7,7 проценти, пренесува агенцијата АП.
Со намалувањето на стапката на невработени на 7,6 проценти во минатиот квартал, постигнато е најниското ниво од периодот март-мај во 2009 година.
Бројот на невработени лица во октомври е намален за 41,700 лица, а во септември за 44,700 лица, што е рекордно намалување уште од 1997 година.
Банката на Англија, според зборовите на аналитичарите, очекува дека до пад на невработеноста под нивото од седум проценти ќе дојде во четвртиот квартал во 2015 година, а најдоцна до првиот квартал во 2016 година.
Меѓутоа, повеќето Британци не почувствувале подобрување на животниот стандард. Просечната плата во октомври пораснала за 0,8 проценти, а инфлацијата за 2,2 проценти.