17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамо осум земји во Европа имаат кредитен рејтинг ААА

Само осум земји во Европа имаат кредитен рејтинг ААА

F

Само осум земји во Европа сеуште ја имаат највисоката оценка за кредитниот рејтинг – ААА, според проценката на трите највлијателни агенции „Moody`s“, „Standard & Poor`s“ и „Fitch“.

Како што пренесува швајцарскиот весник „24 часа“, само четири од осумте европски земји со највисока оценка за кредитниот рејтинг – ААА, меѓу кои е и Швајцарија, се оценети како економски стабилни.

Во 2012 и 2013 година Франција, Велика Британија и Австрија го загубија рејтингот ААА. Осум европски земји сеуште ја имаат највисоката оценка за кредитниот рејтинг, четири со негативен изглед како што се Германија, Финска, Луксембург, Холандија, а четири со стабилен изглед како што се Швајцарија, Данска, Норвешка и Шведска.

Во светот само уште три земји можат да се пофалат со највисоката оценка за кредитен рејтинг, а тоа се Австралија, Канада и Сингапур.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП