20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple под лупа за даночно затајување

Apple под лупа за даночно затајување

apple1

Американскиот гигант „Apple“ е под истрага во Италија поради сомневање дека на даночните власти не им пријавил приходи кои изнесуваат повеќе од милијарда евра, пишуваат италијанските медиуми.

Обвинителството во Милано го обвини производителот на „iPad“ и „iPhone“ дека прикрил приходи од 206 милиони евра во 2010 година и 853 милиони евра во 2011 година, пренесува агенцијата АП.

Италијанската филијала на „Apple“ е осомничена дека дел од профитот го прокнижила преку ирската филијала на „Apple“, со што биле намалени приходите за оданочување во Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП