30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТркалезна маса за поттикнување на автомобилскиот и агрo секторот

Тркалезна маса за поттикнување на автомобилскиот и агрo секторот

automobile-industry

Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на групацијата на Светска банка денеска организира тркалезна маса на која ќе се дискутира за создавање нови работни места и поттикнување развој во автомобилскиот и агрo секторот.

Целта на тркалезната маса е да се унапреди неискористениот развоен потенцијал на приватниот сектор во Македонија за отворање повеќе и подобри места, со посебно внимание во автомобилскиот и агрo секторот.

Според наодите на студијата на ИФЦ, учесниците ќе ги идентификуваат клучните ограничувања за работата во приватниот сектр, како и факторите кои пошироко влијаат врз инвестициите.

Автомобилскиот и агро секторот се исклучително важни бидејќи Македонија се стреми кон зголемување на конкурентноста во приватниот сектр ориентиран кон извоз.

Државата поседува потенцијал за економски развој и отворање работни места во овие две индустрии.

Тркалената маса ќе ги истакне приоритетните дејствувања за понатамошен развој на секторите и нивните локални вредносни синџири.

Во таа насока македонската Влада презема позитивни чекори кон зголемување на конкурентноста преку поттикнување иновации и квалитетни производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП