Под мотото „Вајбај на Егзит“, Шпаркасе Банка во соработка со Visa ја најавува новата наградна игра наменета за младите. Во периодот од 23 мај до 22 јуни 2025 година, сите корисници на пакетот за млади Vibe On од Шпаркасе Банка, со секоја трансакција направена со портокаловата Visa картичка од Шпаркасе Банка, автоматски влегуваат во трка за фантастични награди:
- 5 × 2 ВИП пакети за Егзит фестивалот со ексклузивно ВИП-искуство
- 10 × 2 редовни влезници + 200 евра на сметка
Со оваа иницијатива, Шпаркасе Банка повторно го нагласува својот стратегиски фокус на младите, поттикнувајќи ги да ја градат својата иднина со самодоверба, слобода и визија. Преку пакетот за млади Vibe On, Банката нуди практични алатки за паметно и сигурно управување со финансии, приспособени на динамичниот стил на живот на новата генерација.

