23 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗОфицијално деби на моделот „Mazda 6e“ (ФОТО)

Официјално деби на моделот „Mazda 6e“ (ФОТО)

„Mazda“ ја претстави сосема новата „ Mazda 6е“, која ја продолжува филозофијата „Jinba Ittai“ (единство на возачот и возилото) во сегментот на електрични возила.

На клиентите ќе им бидат достапни две опции за електричен погон, со моќност од 190 kW (258 ks) или 180 kW (245 ks).

И двата погонски склопа испорачуваат 320 Nm вртежен момент, овозможувајќи забрзување од 0 до 100 km/h за помалку од 8 секунди и максимална брзина од 175 km/h. Возилото има погон на задните тркала.

Како и другите модели на „Mazda“ за европскиот пазар, „Mazda 6e“ беше развиена од инженери во Јапонија и Германија за да ги исполни европските стандарди.

Калибрацијата на управувачот, суспензијата и педалите се подесени за конзистентно и сигурно искуство при возењето. Погонот на задните тркала, задната суспензија со повеќе линкови и распределбата на тежината 50:50 придонесуваат за стабилно управување и одзив.

Брзината на возилото при свртување е усогласена со човечката перцепција, а прилагодувањата на управувањето и амортизерите ја зголемуваат прецизноста во различни услови на возење, велат од „Mazda“.

Интегрираниот систем за управување овозможува непречени премини помеѓу забрзување, сопирање и свртување, подобрувајќи ја стабилноста и удобноста. Задниот спојлер автоматски се крева при брзина од 90 км/ч за да се оптимизира стабилноста при поголеми брзини.

„Mazda 6e“ нуди три режими на возење: „Normal“, „Sport“ и „Individual“, кои му овозможуваат на возачот да ги прилагоди карактеристиките на возилото.

Нормалниот режим се фокусира на рамнотежа помеѓу опсегот и перформансите, погоден за секојдневна употреба. Забрзувањето е мазно, регенеративното сопирање е стандардно, а отпорот при управување е исто така стандарден.

Спортскиот режим нуди подинамично искуство, со посилно забрзување, средни нивоа на регенеративно сопирање и зголемен отпор при управување.

Индивидуалниот режим ви овозможува да го прилагодите забрзувањето (средно или силно), регенеративното сопирање (четири нивоа: ниско, стандардно, средно и силно) и отпорот на управувањето (стандардно или спортско).

Се очекува сосема новата „Mazda 6e“ да пристигне во европските салони во летото 2025-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП