26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСлабите резултати во Русија и Азија ja погодија добивката на Carlsberg

Слабите резултати во Русија и Азија ja погодија добивката на Carlsberg

carlsberg dobivka

Данскиот производител на пиво „Carlsberg“ објави дека оперативната добивка во третиот квартал е намалена поради падот во побарувачката во Русија и слабите резултати во Азија поради неповолното влијание на валутните курсеви.

Оперативната добивка на „Carlsberg“ во овој период забележа пад до 3.43 милијарди круни или во споредба со лани кога имаа 3.6 милијарди круни. Приходите на групацијата паднаа за 4.5 проценти или на 17.97 милијарди круни.

Приходите во Источна Европа паднаа за 21 процент, многу повеќе отколку што се очекуваше, додека продажбата во Азија стагнирала, а се очекуваше нејзин раст за 10 проценти. Органските нето-приходи во Азија во третиот квартал пораснале за осум проценти, но на нив негативно влијаеле валутните курсеви.

Исто како и конкуренцијата, и четвртиот поголемина светски производител се прошири на пазарите во развој за да го надокнади успорувањето на растот во Западна Европа. Но во меѓувреме на рускиот пазар влијаеа мерките за намалувањето на злоупотребата на алкохолот.

Извршниот директор на „Carlsberg“, Јорген Бухл Размусен рече дека групацијата е задоволна што успеала да ги зголеми приходите без оглед на условите, а дека и задржале солиден дел на пазарот.

Од „Carlsberg“ сепак потврдија дека на годишната финансиска сметка очекуваат стабилна оперативна добивка од околу 10 милијарди круни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП